Чеченците го сакаат и Форлан (kurir.mk)
Првите луѓе на Терек Грозни се решени да создадат квалитетен тим кој не само што ќе се бори за највисок пласман во руската Премиер лига, туку ќе игра значителна улога и во Европа.
Првиот чекор беше направен на почетокот на оваа година кога за тренер беше поставен Руд Гулит, а вториот пред неколку дена кога тие го потпишаа Мбарк Бусуфа од Андерлехт. Играч кој ги има поминато младинските школи на Ајакс и Челзи и за кого имаше интерес од многу позвучни имиња од Европа.
Пад од четири места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа (sitel.com.mk)
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од четири позиции на најновата рејтинг листа на Светската фудбалска асоцијација - ФИФА објавена денеска. Македонската репрезентација сега се наоѓа на 83.место со 400 бодови или 18 помалку од претходното рангирање.
Всички публикации в този сайт са плод на Вашата фантазия, Интернет не съществува